Connect with us

Регион

Владата на Србија го усвои Предлог-законот за трговски практики

Владата на Република Србија го усвои Предлог-законот за трговски практики за одредени видови производи, што претставува значаен чекор напред во регулирањето на внатрешниот пазар.

Законот за трговски практики се усвојува првпат во Србија, а неговата важност се одразува во спречувањето на нефер трговски практики и воспоставувањето фер, транспарентни односи меѓу сите актери на пазарот – трговци, производители, преработувачи и примарни земјоделски производители, соопшти Министерството за внатрешна и надворешна трговија.

Законот во голема мера се базира на решенијата што веќе се применуваат во ЕУ, но со значително проширување на опсегот на производи и решенија што не се присутни во друго европско законодавство.

„Најголемиот број закони во ЕУ опфаќаа нефер трговски практики само за земјоделски и прехранбени производи, додека нашиот закон има многу поширок опфат на производи што потпаѓаат под овој закон, што им помага на поголем број добавувачи да ја подобрат својата позиција во однос на трговците“, се наведува во соопштението.

Законот, покрај земјоделските и прехранбените производи, вклучува и производи од посебно значење за снабдување на пазарот, меѓу кои се хемикалии за домаќинство, средства за лична хигиена, козметика и други, како и производи од посебно значење за земјоделското производство.

Законот воведува јасни правила и прецизни дефиниции за нелегалните трговски практики што се сметаат за неправедни и затоа се наоѓаат на Црната листа, како и оние кои се условно дозволени и се наоѓаат на Сивата листа

Маркетинг
Ad 1
Ad 2