Свет
Вадефул: Германија нема да учествува во американско-израелските напади врз Иран
Германија нема да учествува во американско-израелските напади врз Иран, изјави денеска шефот на германската дипломатија, Јохан Вадефул.
– За разлика од Велика Британија, која им дозволи на САД да ги користат британските бази во регионот за уништување на иранските ракети и местата за лансирање ракети, Германија нема такви бази околу Иран. Ние, исто така, ги немаме потребните воени ресурси – посочи Вадефул.
Тој додае дека германските војници ќе се бранат ако бидат нападнати
Единици на Бундесверот во моментот се распоредени во Јордан и во Ирак.
Вадефул нагласи дека „значајната програма за балистички ракети“ на Техеран вклучува ракети со дострел кој претставува закана и за Европа.
– Иранскиот режим отсекогаш бил решен да дејствува против Европа и европските интереси и ѝ се заканува на Германија со тероризам – посочи Вадефул.
Тој наведе и дека е можно Иран да почне кибернапади против Германија.
март 2, 2026

