Connect with us

Регион

Србија во јуни ќе биде домаќин на 21. Светски конгрес на економисти

Во јуни оваа година, Србија ќе биде домаќин на 21. Светски конгрес на економисти и тоа ќе биде првпат најважниот настан во економската професија да се организира во регионот на Централна и Источна Европа. Тоа денеска го изјави претседателот на Здружението на економисти на Србија, Александар Влаховиќ.

„Очекуваме доаѓање на повеќе од 1.000 од најважните економисти и научници од целиот свет, вклучувајќи неколку добитници на Нобелова награда за економија“, рече Влаховиќ на 33-от Бизнис форум што се одржува на Копаоник.

„По повеќе од 20 години, тој најважен светски настан во нашата професија се враќа во Европа, и за првпат ќе се организира во регионот на Централна и Источна Европа“, додаде тој.

Според него, организацијата на тој конгрес е големо признание за досегашната работа на Здружението на економисти на Србија, како и дека Владата на Србија, што е спонзор на состанокот, обезбедила финансиска поддршка за неговата организација. 

Маркетинг
Ad 4
Ad 2