Connect with us

Свет

Кац: Сега мета за елиминација е генералниот секретар на Хезболах, Касем

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денеска изјави дека генералниот секретар на Хезболах, Наим Касем е мета за елиминација

Заканата е упатена по синоќешниот напад со ракети и дронови на Хезболах врз израелска територија.

Терористичката организација Хезболах ќе плати висока цена за пукањето врз Израел, а Наим Касем, генералниот секретар на Хезболах, кој одлучи да пука под притисок од Иран – сега е обележана цел за елиминација. Кој и да го следи патот на Хамнеи, наскоро ќе се најде во длабочините на пеколот заедно со сите осуетени елементи на оската на злото, наведе Кац на платформата Икс.

Тој додаде дека заедно со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им наредиле на Израелските одбранбени сили (ИДФ) да употребат сила против Хезболах додека тие продолжуваат да ја следат примарната цел за уривање и поразување на иранскиот терористички режим.

Касем функцијата генерален секретар на Хезболах ја наследи од Хасан Насралах, кој беше ликвидиран од ИДФ во септември минатата година. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 2