Свет
Неколку американски авиони се урнаа во Кувајт
Неколку американски воени авиони се урнаа во Кувајт, при што сите членови на екипажот преживеаја, соопшти денеска портпаролот на кувајтското Министерство за одбрана.
Тој не ја наведе причината за несреќата, ниту пак колку авиони се урнале.
Портпаролот на кувајтското МО посочи дека биле лоцирани членовите од урнатите авиони и се пренесени во болница и сите се во стабилна состојба.
Истрагата е во тек, а координацијата се одвива директно помеѓу кувајтските власти и американските сили стационирани во земјата.
Армијата на САД сè уште не ги коментираше наводите за уривање на авиони во Кувајт.
март 2, 2026

