Connect with us

Свет

Иран го нападна нафтениот центар на „Арамко“ во Рас Танура во Саудиска Арабија

Според првите извештаи, Иран со дронови „Шахед“ го нападнале објектот „Арамко“ во Рас Танура, во саудиска Арабија, локација за која се вели дека е еден од најголемите нафтени чворишта во светот.

Недолго потоа, рафинеријата за нафта „Сауди Арамко“ престанала да работи, објавува „Скај њуз Арабија“.

Работниците во фабриките на „Арамко“ ги напуштаат постројките по извештаите за ирански напади.

Рас Танура е еден од најважните енергетски центри во светот – се наоѓа на источниот брег на Саудиска Арабија и служи како главен терминал за извоз на сурова нафта. Овој објект вклучува еден од најголемите нафтени терминали и рафинериски комплекси на планетата, со огромен капацитет за преработка и транспорт на нафта со танкери до Азија, Европа и САД, и долго време е клучна алка во глобалните енергетски текови.

Поради својата стратешка улога во снабдувањето со сурова нафта и рафинирани производи, секое нарушување на работењето во Рас Танура може да има сериозни последици за глобалниот пазар

Маркетинг
Ad 1
Ad 2