Свет
Во Кувајт се урна американски „Ф-15“, пилотот се катапултира
На социјалните мрежи се лиферуваат снимки од пад на американски „Ф-15“ во Кувајт. Иран објави дека неговите сили го собориле авионот.
Пилотот на „Ф-15“ преживеал откога успеал безбедно да се катапултира, а по слетувањето, за него се погрижила група локални жители.
Засега нема реакција од САД.
Тензиите на Блискиот Исток дополнително се зголемија во последните денови, а воздушниот сообраќај над неколку земји во регионот е речиси целосно милитаризиран. Кувајт е долгогодишен сојузник на САД и една од клучните логистички точки за американската војска во Персискиот Залив.
Во земјата има важни американски бази и складишта за опрема, а кувајтскиот воздушен простор често го користат американските и сојузничките воени авиони за време на операциите во Ирак, Сирија и пошироко.
„Ф-15“ е американски повеќенаменски борбен авион од четврта генерација, развиен во 70-тите, но сепак еден од столбовите на американските воздухопловни сили. Познат е по своите исклучителни способности за воздушна супериорност, голема брзина (над 2,5 маха) и моќно вооружување, кое вклучува ракети „воздух-воздух“ и прецизно наведувани бомби.
Разни верзии на„ Ф-15“ користат и голем број сојузници на САД, вклучувајќи ги и земјите од Персискиот Залив.
март 2, 2026

