Connect with us

Регион

Делегација на ЕУ во Тирана: Загрижени сме од насилните акти и загрозувањето на животи, на протестите на опозицијата

Делегацијата на Европската Унија во Албанија реагираше на се понасилните протести на опозицијата, во која нагласува дека правото на мирно собирање е фундаментален столб на секое демократско општество.

ЕУ дополнително нагласува дека ова право мора да се остварува одговорно, изразувајќи загриженост во врска со насилните акти на протестите на опозицијата. Како одговор, делегацијата додава дека насилството ги загрозило животите на луѓето.

“Делегацијата на Европската Унија нагласува дека правото на мирно собирање е фундаментален столб на секое демократско општество. Мора да се остварува одговорно, со целосно почитување на владеењето на правото и безбедноста на сите поединци. Во овој контекст, Делегацијата на ЕУ изразува загриженост за неодамнешните акти на насилство во Тирана, кои доведоа до опасност по животите на граѓаните“, стои во реакцијата објавена на Фејсбук.

Во овој контекст реагираа и повеќе странски дипломатски претставништва, меѓу нив и амбасадата на САД, кои ги осудија насилните акти на протестите.

Албанската опозиција оваа година одржа четири антивладини протести, кои, демократскиот лидер, Дали Бериша,  ги нарекува мирни, но насилното однесување во континуитет расте, со фрлање молотови коктели, пиротехнички средства и уништување општествен имот. 

Маркетинг
Ad 2
Ad 4