Connect with us

Политика

Трипуновски: Од Дубаи до Горно Оризари, Филипче распеан со Харис Џиновиќ, сериозен со тутунарите

Го гледам Венко Филипче објавил фотографии од средба со тутунопроизводителите од велешко Горно Оризари. На фотографиите е видно вознемирен, обично таков не и е познат на македонските земјоделци, посебно кога е на приватните журки во Дубаи.

Изгледа од неговиот скапо платен пи-ар го советувале, докторе Венко одиме на средба со земјоделци, бидете сериозен, дури ако можете и малку така како разочаран, немој случајно да се заборавите дека сте во Дубаи на приватна журка кај што ви пее Харис Џиновиќ „Oj, jarane, jarane, jarani smo mi, ne daj, ne daj jednoj zeni, da nas zavadi“, зошто готови сме.

И така Венко сериозно си ја сфатил работава. Ама добро е што го советувале како да изгледа, но очигледно заборавиле да го известат за состојбите на тутунот. Иако знам дека не го интересираат земјоделците, ќе морам да му пишам неколку факти:

Цената денеска со ВМРО-ДПМНЕ на власт е 419 денари за килограм тутун, за разлика од претходниот период кога СДС беше, истата се движеше меѓу 160, 214 и 250 денари.

Интервентно, Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги зголеми субвенциите за прва категорија тутун од 80 на 100 денари.

Оваа година откупени се 26 милиони тутун, за разлика додека СДС беше на власт.

Субвенциите се исплаќаат навремено, за разлика од владеењето на СДС.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ е партнер на земјоделците и заедно ги креираме мерките и политиките, за разлика од СДС кои ги игнорираа барањата и проблемите на земјоделците.

Но, ајде разбирливо ми е мене што Венко не разбира, човекот е доктор, со златна виза во Дубаи, со сопствени фирми, секој викенд на патување низ светот, не може да зборува за земјоделците. Неговата реалност е сосема поинаква од реалноста на земјоделецот.

Но, никако не разбирам овој скапо платениот пи-ар зошто вака го мести?

Маркетинг
Ad 2
Ad 3