Свет
Арагчи: Хамнеи е сè уште жив „колку што јас знам“
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека врховниот водач на земјата, ајатолахот Али Хамнеи, е сè уште жив „колку што тој знае“.
Арагчи даде интервју за Ен-Би-Си Њуз, откако израелскиот Канал 12 објави дека Израел проценува дека Хамнеи е „веројатно убиен“ во денешните израелски воздушни напади.
Зборувајќи во живо, Арагчи исто така рече дека двајца команданти загинале во нападите, но оти високи функционери преживеале.
– Сите високорангирани функционери се живи. Така што сите сега се на своите позиции и ние се справуваме со оваа ситуација, и сè е во ред, рече тој, пренесува Тајмс оф Израел.
февруари 28, 2026

