Connect with us

Свет

Иран најави „разорен одговор“ на нападите на САД и Израел, сирени во централен Израел

Врховниот совет за национална безбедност на Иран соопшти дека вооружените сили на Исламската Република Иран почнале „разорен одговор“ на нападите кои денеска ги извршија САД и Израел.

Во соопштението е наведено дека Иран нема да им подлегне на „ситните барања на непријателот“ и дека ќе продолжи да дава отпор, пренесе Ен-Би-Си.

„Непријателот верува дека отпорната иранска нација ќе им се предаде на нивните ситни барања преку такви кукавички постапки“, наведе Советот во соопштението кое го објави агенцијата Mehr. Во соопштението се апелира до граѓаните да избегнуваат метеж во трговските центри и дека училиштата и универзитетите ќе бидат затворени до понатамошно известување, додека банките ќе останат отворени, а владините канцеларии ќе работат со 50 отсто од капацитетот.

Во меѓувреме, сирени се огласиле низ централен Израел во последните 30 минути поради нови ирански балистички ракетни напади.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) велат дека системите за воздушна одбрана работат на пресретнување на проектилите.

Маркетинг
Ad 3
Ad 1