Connect with us

Регион

Вучиќ и Рама за германски весник: Не инсистираме на членство во ЕУ, туку на влез во единствениот европски пазар и Шенген зоната

Во заеднички авторски текст за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, албанскиот премиер Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ нагласуваат дека не инсистираат на членство во Европската Унија, туку на прием на нивните земји во единствениот европски пазар и Шенген зоната.

„Многу Европејци се прашуваат дали ЕУ може ефикасно да функционира со значително повеќе членови, а загриженоста за донесувањето одлуки, институционалната рамнотежа и политичката кохезија е легитимна. Не сме наивни, тие аргументи имаат тежина“, пишуваат Рама и Вучиќ.

Затоа тие се залагаат за заобиколување на стапицата на вето со тоа што ќе им се дозволи на земјите кандидати што ги исполнуваат условите, барем засега, да се приклучат на единствениот европски пазар и Шенген зоната, наместо да бараат полноправно политичко членство во ЕУ.

„Таквиот пристап нема да ја оптовари архитектурата на донесувањето одлуки во ЕУ, нема да ја промени институционалната рамнотежа на Унијата, нема да имплицира доделување право на вето, дополнителни комесари, дополнителни членови на Европскиот парламент или промени во структурите на гласање“.

Проширувањето на учеството во тие рамки – Шенген и Шенгенскиот пазар – на подготвените земји-кандидатки би можело да донесе опипливи придобивки за нивните граѓани, а воедно да ја зајакне економската и геополитичката позиција на Унијата, се наведува во колумната.

„Цврсто веруваме дека тој чекор би ги ублажил загриженостите кај земјите-членки кои се двоумат за понатамошно проширување, со тоа што ќе им го олесни убедливото претставување на процесот пред јавноста“.

Ние сме коавтори на овој текст бидејќи препознаваме дека Европа денес се соочува со две подеднакво легитимни цели. Земјите-кандидатки бараат реалистичен пат кон полноправно членство, додека земјите-членки се обидуваат да ја зачуваат ефикасноста и единството на Унијата, а оваа тензија не мора да биде дилема со нула збир, истакнаа Вучиќ и Рама.Стратешката можност лежи во забрзаната интеграција на подготвените земји-кандидатки во единствениот пазар и Шенген зоната, нагласија тие и додадоа дека се целосно свесни дека тој пат бара скапи и политички тешки реформи – но целта вреди.

Противниците на Европа напредуваат врз основа на наративи за пад и поделба, а она што е потребно, истакнуваат тие во поддршка на нивниот предлог, е да се спротивстави на тоа со европска приказна за успех – не само за Западен Балкан, туку и за Европа како целина.

Маркетинг
Ad 3
Ad 4