Свет
Во Лондон уапсен маж, кој го вандализирал споменикот на Винстон Черчил
Во Лондон е уапсен холандски државјанин поради вандализирање на споменикот на Винстон Черчил, што се наоѓа во центарот на градот.
– Срамота. Целосно е одвратно. Черчил беше голем Британец. Оваа влада секогаш ќе ги брани нашите вредности, а сторителот мора да одговара. Мило ни е што полицијата го уапси, изјави портпаролот на британската влада.
На споменикот со црвена боја беше испишано „Ционистички воен злосторник“, „Стоп на геноцидот“ и „Ослободете ја Палестина“, „НИКОГАШ ПОВЕЌЕ е сега“ и „Глобализирајте ја Интифадата“, пишуваше во други графити.
Активистот Олакс Аутис, кој тврди дека е Холанѓанец, изјави дека дошол во Велика Британија за да ја оскверни статуата. Тој на Инстаграм објави дека неговата цел е „да го привлече вниманието кон ужасните кршења на човековите права во земја управувана од колонизатори, кои не го слушаат својот народ“.
Во меѓувреме, споменикот беше исчистен.
Советот на еврејското раководство изрази згрозеност од скрнавењето на статуата.
Со осквернувањето на статуата на британски херој, кој ја водеше земјата во борбата против нацистите, сторителот пронајде перверзен начин да ја комбинира омразата кон Евреите со презирот кон Британија, соопшти советот.
Споменикот висок 3,6 метри, откриен е во 1973 година во центарот на Лоднон и е дело на Ивор Робертс-Џонс. Статуата на Винстон Черчил е постојано вандализиран, вклучително и инциденти за време на протестите „Црните животи се важни“ во јуни 2020 година и во октомври истата година.
февруари 27, 2026

