Connect with us

Регион

Состојбата на српскиот министер за внатрешни работи е подобра

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека утрово е малку подобра состојбата на министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, кој вчера беше примен во болница со тешко воспаление на белите дробови и е во тешка здравствена состојба, интубиран и на респиратор.

Вучиќ го посети Дачиќ утрово пред да замине за Казахстан, а на „Инстаграм“ од авионот напиша дека лекарите велат оти на Дачиќ му е нешто подобро и оти верува во него.

– Го посетив Ивица утрово и тој е подобро, тоа е добра вест, секако и понатаму е неопходна претпазливост и ништо не е извесно, но подобро е, на радост на неговото семејство и на сите луѓе што го сакаат – рече Вучиќ во говорната порака објавена преку „Инстаграм“.

Потпретседателот на владата на Србија и претседател на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ, вчера беше хоспитализиран на Клиниката за пулмологија при Клиничкиот центар на Србија поради тешко воспаление на белите дробови. Помошник-директорот за пулмологија, Спасоје Попевиќ, синоќа за „Танјуг“ изјави дека ситуацијата е многу тешка и оти Дачиќ има тешка пневмонија и дека претстојните 72 часа ќе бидат клучни.

– Моментно е на механичка вентилација – респиратор, го добива сето она што е потребно, сите лекови, терапијата. Со тој респиратор, кој е начин на лекување, ние купуваме време, кое е потребно за тие лекови да дејствуваат и се бориме за неговиот живот – рече Попевиќ. Тој прецизира дека министерот Дачиќ е хоспитализиран во 16.30 часот и додаде дека не може да дава никакви прогнози

Маркетинг
Ad 2
Ad 4