Connect with us

Скопје

Започна градежната офанзива во Општина Илинден

Градежната офанзива во Општина Илинден започна со активностите за асфалтирање на новоизградената улица „103“ во м.в. Јака во н.м. Марино. Оваа улица е во вкупна должина од 512 метри и широчина од 6 метри, со тротоари од двете страни на улицата со широчина од 1,5 метри.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид и истакна дека по претходно извршеното профилирање и трасирање на улицата, како и стабилизирање на тлото со соодветна стисливост на тампонскиот слој деновиве се нанесува првиот асфалтен слој на улицата. Воедно, пред започнувањето на овие активности беа реализирани повеќе приклучоци за фекална канализација и водоснабдување на локалните објекти кои се наоѓаат долж улицата.

Во наредниот период Општина Илинден ќе продолжи со изградба, реконструкција, санација и рехабилитација и на други улици во месноста Јака, како и во сите останати населени места низ општината, со цел обезбедување квалитетни и современи услови за живот на сите граѓани.

Маркетинг
Ad 3
Ad 2