Connect with us

Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради посетата на албанскиот претседател

Поради посетата на албанскиот претседател Бајрам Бегај во скопје денеска, утре и задутре ќе има посебен режим на сообраќај. 

-На 26, 27 и 28.02.2026 година (четврток, петок и сабота), во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува г-дин Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија. Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на градот Скопје, информираат од МВР.

СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и упатствата што ќе ги даваат униформираните полициски службеници, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.

Маркетинг
Ad 3
Ad 1