Вести
На Универзитетот во Тетово се одржа шестата јавна дебата за новиот предлог-закон за високо образование
Шестата јавна дебата за Предлог законот за високо образование и Предлог законот за обезбедување квалитет во високото образование се одржа денес со претставници на Универзитетот во Тетово и Универзитетот на Југоисточна Европа.
Пред академската заедница, министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска посочи дека основните начела и политиките кои се застапени во овие закони се меритократија, мерливост на квалитет, интернационализација и соработка меѓу универзитетите, дополнителна видливост на високообразовните установи и на наставниот кадар, погодности за студенти и можности за стекнување повисоки знаења.
Потенцираше дека дебатите со универзитетите се од голема важност за подобрување на квалитетот на законскиот пакет и дека секоја сугестија е добредојдена. Изрази благодарност до единиците на двата универзитета кои доставија свои предлози и како што рече, со должно внимание ќе бидат разгледани, а сите што се издржани ќе се интегрираат во новите законски решенија.
февруари 25, 2026

