Connect with us

Скопје

Општина Аеродром ги повикува граѓански организации да бидат дел од транспарентната евалуација на проекти

Општина Аеродром во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) објави Јавен повик за избор на набљудувач – претставник на граѓанските организации во Комисијата за евалуација на проекти во рамките на ReLOaD3 програмата.

ReLOaD3 е заедничка иницијатива на УНДП финансирана од Европската Унија, со цел да се унапреди локалната демократија, да се направи транспарентно финансирањето и да се создадат силни партнерства меѓу општините и граѓанските организации.

Доколку имате искуство во евалуација на проекти и сакате да придонесете кон транспарентен и објективен процес, аплицирајте и станете дел од евалуацијата во Општина Аеродром.

Целосниот јавен повик може да се види на следниов линк:

http://aerodrom.gov.mk/vest/9561

Маркетинг
Ad 2
Ad 2