Connect with us

Сервисни информации

Водата во Скопје е безбедна и квалитетна за пиење

Водата во Скопје е безбедна и квалитетна за пиење, покажува најновиот неделен извештај на ЈП „Водовод и канализација“.

Од таму посочуваат дека Секторот за санитарна контрола во периодот од 16 до 20 февруари 2026 година зел 187 примероци за физичко-хемиска и 187 примероци за микробиолошка анализа на водата за пиење од 43 мерни места во градот Скопје.

Според добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

Маркетинг
Ad 2
Ad 4