Connect with us

Регион

Около 19.000 домаќинста во Словенија без струја поради снежносот невреме

Околу 19.000 домаќинства во североисточна Словенија се без електрична енергија поради дефекти на енергетската мрежа предизвикани од обилните снежни врнежи што започнаа вчера.

РТВ Словенија објави дека екипи од целата земја се на терен за да ги решат проблемите со снабдувањето со електрична енергија.

Се очекува словенечкиот премиер Роберт Голоб денеска да го посети Марибор за да се сретне со претставници на компанијата  Електро Марибор и на цивилната заштита, за да утврди ситуацијата на терен.

Вчерашните снежни врнежи во североисточниот дел од земјата доведоа до прекини на електрична енергија за околу 40.000 домаќинства снабдувани од Електро Марибор и околу 8.000 домаќинства снабдувани од Електро Целје.

Се очекува околу 19.000 домаќинства што моментално немаат електрична енергија да останат без струја и во наредните денови.

Службеници од цивилната заштита соопштија дека со оглед на неизвесноста околу тоа кога целосно ќе се нормализира снабдувањето со струја, подготвени се генератори за итни случаи, а воедно упатија и повик до погодените да побараат привремено сместување кај роднини или пријатели

Маркетинг
Ad 3
Ad 1