Connect with us

Вести

Уставниот суд дискутираше по седум иницијативи за оценување на уставност и законитост

Уставниот суд денеска 18.02.2026 ја одржа 4. седница на која дискутираше по седум иницијативи за оценување на уставност и законитост и одлучи: 

1. Реферат У.бр.25/2025

Судот ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на Член 57-г став 2 од Законот за девизно работењe („Службен весник на Република Македонија” бр.34/2001, 49/2001, 103/2001, 54/2002, 51/2003, 82/2008, 24/2011, 135/2011, 188/2013, 97/2015, 153/2015 23/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.110/2021 и 37/2025). 

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

2. Реферат У.бр.37/2025

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 54 став 1 во делот „2024 година 10%”, став 2 во делот „2024 godina 8%” и член 59 став 1 од Законот за минимален  глобален данок на добивка („Службен весник на Република Северна  Македонија“ бр. 3/2025). 

Подносител на иницијативата: Боби Спирковски, адвокат

3. Реферат У.бр.146/2025

Судот ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на член 6 став 1 и член 62 став 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за градење („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.18/2020). 

Подносител на иницијативата: Дарко Костовски, адвокат 

4.Реферат УЗ.бр.12/2025 

Судот поведе постапка за оценување на член 97 ставови 6,7,8,9 и 10 од Колективниот договор на Управата за јавни приходи бр.01-4228/1 од 12.07.2023 година и бр.0102-4/1 од 21.07.2023 година и не поведе постапка за член 98 од истиот Колективен договор. 

Подносител на иницијативата: Управа за јавни приходи, преку Елена Петрова, директор

5. Реферат У.бр.116/2023

Судот ја отфрли иницијативата за оценување на член 1, 2, 3, 4 и 8 од Правилникот за измени и дополнување на Правилникот за распределба на авторските надоместоци („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.147/2023)

Подносител на иницијативата:  Славко Димитров

6. Реферат УЗ.бр.16/2025

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста член 9 став 2 и член 43 од Правилата за снабдување со топлинска енергија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 65/19, 162/19, 233/20, 312/20 и 38/2022) и за Табеларниот норматив за корекција на варијабилниот дел од надоместокот за топлинска енергија во колективен станбен објект од Правилникот за утврдување на квалитет на испорачаната топлинска енергија бр.11-18/1 од 04.01.2024 година, донесен од ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје.

Подносител на иницијативата: Вера Георгиева

7. Реферат УЗ.бр.23/2025

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 9 ставови 3, 4, 5 и 6 од Правилникот за овластување за овластен геодет и за именик на овластени геодети („Службен весник на Република Македонија” бр.95/2015 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.183/2019, 246/2024 и 70/2025).

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

Маркетинг
Ad 1
Ad 3