Connect with us

Вести

Јаневска до опозицијата: Нема да го повлечеме законот за високо образование

Нема да го повлечеме законот за високо образование, изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска на барање на опозициските пратеници на пленарна седница наведувајќи дека за него сè уште се водат јавни расправи и оти тоа се прави на сите универзитети. Нацрт-текстот на законот е на ЕНЕР, каде што сите засегнати страни може да остават забелешки. 

– Нема да го повлечам законот. Ќе ви објаснам дека е за доброто на сите – рече Јаневска на прашање на пратеничката од СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, на седницата за опозициски прашања, која изнесе низа забелешки за законот и, меѓу другото, побара тој да биде повлечен. 

Министерката рече дека е свесна оти законот за високо образование предизвикал одредени реакции за кои не можеме да кажеме дека се генерализирани и дека доаѓаат од мнозинството заинтересирани, а тоа се студентите и универзитетскиот наставно-научен кадар.

– Да, имам прочитано некои од забелешките – рече министерката велејќи ѝ на пратеничката дека нејзиното излагање било прегенерализирано и полно со флоскули од оние што пишуваат негативно за законот.

Јаневска објасни дека законот е граден по сите европски и светски стандарди. Законот, според неа, ги подобрува правата на студентите за кои се предвидува две години мандат во сите тела на универзитетите и им се дава предност на најдобрите студенти, оние што ќе се вратат од завршени студии од стоте најдобри универзитети во светот, оние што се добитници на „Иженерски прстен“ и на десетте најдобри студенти на универзитетите. Одредена е сума за демонстраторите, која се смета дека е достојна за нивната работа и се предвидува вработување студенти на проекти. 

– Го слушав и пресот на вашиот претседател и ќе кажам дека или го излажале или вие не сте го читале добро законот затоа што наведениот член 13 зборува за автономија, за чување на автономијата, а не за мешање на државата – рече, меѓу другото, министерката Јаневска.

Во изработката на законот учествувале над шеесетина професори и ќе се одржат серија расправи за него.

Маркетинг
Ad 3
Ad 3