Connect with us

Политика

ВМРО-ДПМНЕ: За две години зголемени плати на полициските службеници, социјалните работници, на вработените во образованието, здравството, во јавниот сектор

ВМРО-ДПМНЕ на страната на работникот.

Во опозиција со давање јавна и недвосмислена поддршка на синдикатите за барањата за зголемување на платите, додека од позиција на власт со договори за конкретно покачување на платите.

Како што ВМРО-ДПМНЕ ги поддржуваше синдикатите и работниците во опозиција кога протестираа во 2020 и 2024, така и сега, преку дијалог и разговори прави се во рамките на можностите платите да растат.

Разликата е во тоа што ССМ од тогашната влада на СДС, во услови на двоцифрена инфлација, бараше линеарно покачување на платите во јавниот сектор од 2.806, а Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги зголеми за многу повеќе.

Со преземањето на власта, средбите со синдикатите се интензивираа и како резултат на тоа се спречија штетните политиките од претходната власт, се потпишаа колективни договори и се покачија платите секаде каде државата е работодавач.

Во период од околу две години, од преземањето на власта до денес, се потпишаа колективни договори во образование и здравство, каде што платите на сите вработени во основно и средно образование докрај на мандатот од 46% до 60%, вработените во високото образование добија покачување од најмалку 14%, додека здравствените работници ќе добијат од 40 до 50% повисоки плати.

За 10% се зголемија платите на полициските службеници, социјалните работници добија 20% повисоки плати, додека преку посебни колективни договори, вработените во Генералниот секретаријат и СОЗР добија 30% зголемување.

Околу 11.000 вработени во администрацијата, судовите и обвинителствата се опфатени со историски договор кој гарантира системско покачување на платите за 40% до 2028 година.

Освен на централно ниво, ВМРО-ДПМНЕ покажа како се грижи за работниците и нивниот стандард и на локално ниво, така во општините раководени од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, во просек, платите на сите вработени се зголемени за околу 5.000 денари.

Во целост се испочитувани сите колективни договори кои претходната власт ги игнорираше во одбраната, културата и други институции и нема доцнење на плати како во времето на СДС и ДУИ, кога вработените со месеци беа без приходи.

Сите овие зголемувања на платите се многу поголеми од тоа зголемување што тогаш го бараше ССМ, а уште поважно до крајот на мандатот ќе го надмине целосно барањето коешто сега го има Слободан Трендафилов.

Од друга страна, согласно закон во март годинава ќе се зголеми и минималната плата, а секое друго зголемување мора да се договара институционално, во Економско-социјалниот совет, меѓу работодавачите и синдикатите и Владата како посредник.

Низ дијалог да се дојде до одржливо решение, прифатливо за сите вклучени страни, како за работодавачите, работниците, за буџетот и стопанството во целост.

Ултиматумите и блокадите на СДС не му служат на работникот, туку само на Трендафилов и малкумината околу него кои градат кариери и профитираат на грбот и маката на обичниот работник.

Владата ќе продолжи со својата заложбата и креирање политики за поголем економски раст кој ќе овозможи уште поголем раст на платите, повисок животен стандард и квалитет на живот на граѓаните.

Маркетинг
Ad 3
Ad 1