Connect with us

Регион

Минатата година Албанија со трговскиот дефицит 541 милијарди лека

Албанија минатата година, ја заврши со негативен биланс, продлабочувајќи го дефицитот во надворешната трговија. Увозот го надмина извозот за трипати на крајот од годината, откривајќи ја големата зависност на албанската трговија од странски стоки.

-Албанија увезуваше повеќе стоки физички, но по пониски просечни цени, додека извезуваше помалку стоки, и по вредност и по тежина. Бројките покажуваат дека албанскиот извоз влезе во длабока криза, не успевајќи да се опорави трета година по ред, објавија медиумите.

Вкупниот извоз се намали за 6,1%, и изнесува 346 милијарди лека, додека увозот достигна 887 милијарди лека. Секторите што најмногу страдаа беа градежните материјали и металите, како и минералите и енергијата, два традиционални столба на албанскиот извоз. Во меѓувреме, увозот се зголемил главно за енергија, горива и храна.

-Како резултат на ова, трговскиот дефицит во 2025 година достигна 541 милијарда лека, што е зголемување од 3% во споредба со 2024 година. Италија останува главен трговски партнер, но извозот кон неа значително се намали во текот на годината. Во меѓувреме, увозот од Кина значително се зголеми, наведуваат медиумите.

Притисокот врз извозниците е дополнително зголемен од девизниот курс, додека вредноста на еврото продолжува да паѓа, разменувајќи се на минимални нивоа и достигнувајќи рекордни вредности на купување од по 93 лека. 

Маркетинг
Ad 3
Ad 3