Connect with us

Политика

Филипче: Намалена поддршката за лозарството и земјоделството

Лозарите и земјоделците годинава се соочуваат со намалена поддршка од државата, порача денеска претседателот на СДСМ Венко Филипче до село Моклишта, Кавадарци каде присуствуваше на традиционалното закројување на лозје по повод празникот Свети Трифун, од каде упати честитка до лозарите и сериозни критики кон владините политики во земјоделството.

Во соопштението се наведува дека Програмата за субвенции во земјоделството е намалена што, според него, значи помалку средства за сите подрачја, лозарство, сточарство, поледелство и овоштарство.

-Имено откога ги фатија од Европа како крадат европски пари и го суспендираа ИПАРД програмата, сега владата ја намалува и Програмата за субвенции во земјоделството во целост. Од 140 на 100 милиони евра. Значи за цела третина, помалку пари, кај сите сектори во земјоделството, сточарството, лозарството, поледелството, овоштарството и нема да имаат овие земјоделци доволно поддршка од државата како што тоа го имаше во времето на владата на СДСМ, истакна Филипче.

Лидерот на СДСМ посочи дека се зголемува минималната големина на обработливо земјиште потребно за добивање субвенции, од 0,2 на 0,5 хектари, со што, според него, малите производители со два до три декари земја ќе останат без право на финансиска поддршка.

Филипче наведува и дека откупната цена на грозјето била намалена за неколку денари по килограм, а нивниот предлог-закон за зголемување на минималната цена не бил прифатен во Собранието.

Тој ја критикува измената со која средните винарии мора да продадат 30 отсто од грозјето на најголемите винарии за да може да остварат право на субвенции. Ова, според него, ги става лозарите и помалите производители во подредена позиција.

Филипче оценува дека намалувањето на субвенциите за тутун од 100 на 80 денари за прва класа дополнително го оптоварува секторот, потсетувајќи дека претходната поддршка изнесувала 100 денари со целосно субвенционирана зелена нафта.

Маркетинг
Ad 1
Ad 4