Политика
ВМРО-ДПМНЕ: СДС го партизираше судството со предлозите како Ана Павлова Данева партиски потпретседател и Јадранка Дабовиќ, носител на листа на СДС за Град Скопје
Краток одговор за нападот на Гоце Наумовски од СДС. Гоце Наумовски не е член на партија, туку угледен професор, за разлика од последните два предлога на СДС, кои беа целосно партиски решенија, како Ана Павлова-Данева, поранешен потпретседател на СДС, и Јадранка Дабовиќ, носител на СДС за Град Скопје на локалните избори во 2005 година – се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Додека судијката Даниела Алексовска-Стојановска во семејната куќа во Ранковце смести општински штаб на СДС.
Оттука, јасно е, направи тотална партизираност и контрола на судството. Тоа е токму СДС, кој судиите и обвинителите ги избираше во штабот на „Бихаќска“.
И наместо да одговори која е поврзаноста на Венко Филипче и Зоран Заев со нелегалното производство и трговија со марихуана, СДС лута од тема на тема.
Во овој контекст, за да дефокусираат од вмешаноста на Филипче и коланот Заеви во наркобизнисот зад параванот медицински канабис е и нападот на СДС на Наумовски.
февруари 14, 2026

