Политика
Петрушевски: Сопственикот на илегалната дрога рамо до рамо со Венко Филипче, јасно е кој седи зад ова
Венко Филипче во телевизиско интервју рече дека нема никаква врска со вистинскиот сопственик на фирмата „ЦБД медплант“ и поранешен функционер на СДС, Тони Котев, а како што гледаме на фотографијата, тие двајца добро се познавале и соработувале, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција, што МИА ја објавува интрегрално:
Со денови ги слушаме СДС и Филипче во прашална форма како лажно ја обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ за некаков шверц на дрога, па го мешаат Томовски, и кој сè уште не, но еве ја вистината на дело.
Откриваме фрапантен податок и фотографија, која покажува директна инволвираност на Венко Филипче со шверцот на илегалната дрога. Венко и газдата на фабриката со илегалната марихуана – еден до друг.
Венко Филипче во телевизиско интервју рече дека нема никаква врска со вистинскиот сопственик на фирмата „ЦБД медплант“ и поранешен функционер на СДС, Тони Котев, а како што гледаме на фотографијата, тие двајца добро се познавале и соработувале, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција, што МИА ја објавува интрегрално.
Венко Филипче и Тони Котев рамо до рамо еден до друг.
Венко Филипче и СДС, наместо секојдневно да прашуваат и да шират невистини и манипулации, треба да одговорат на вистинското прашање: зошто се толку потресени и толку силно водат кампања за заплената на 30-ина тони дрога? Дали во СДС се исплашени затоа што Филипче и Заев се вмешани во трговијата со дрога? Затоа ли Филипче добро знае колку камиони требаат за одредена количина дрога? Затоа ли во 2023 година го променија правилникот за одгледување канабис? Колку милиони требале да заработат и на овој криминал?
Каде што има чад, има и оган. Каде што има криминал и корупција, таму се и Филипче и Заев. Ако порано се велеше дека сите патишта водат кон Рим, денес сите патишта за криминал и корупција водат кон Филипче и Заев.
Го повикуваме ЈО да ја истражи поврзаноста на Филипче и Заев во случајот со 30-те тони запленета дрога.
февруари 14, 2026

