Connect with us

Политика

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ја составил документацијата за модуларната болница во Тетово без елаборат за електрична енергија

Поранешниот министер за здравство Венко Филипче бил директно инволвиран во процесот на изработка на техничката документација за модуларната болница во Тетово, каде што живи изгореа 14 луѓе. За ова говоревме минатата година во аферата „Провизии што чинат животи“, каде што посочивме на низа пропусти и недоследности, но продолжената рака на СДС, Коцевски, цврсто ги чуваше кривичните пријави и докази за Филипче во фиока – се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Според сведоштвото на Кадриу, вечерта на несреќата таа била повикана да се вклучи во истрагата, а подоцна ѝ се приклучиле и претставници од Обвинителството, меѓу кои тогашниот државен јавен обвинител Јовевски, кој дошол со двајца свои обвинители.

Улогата на Јовевски и другите била процесот да го држат под нивен надзор и контрола.

Според Кадриу, 30-ина милиони евра биле обезбедени за изградба на овие објекти. Светската банка тогаш одобрила средства за изградба на модуларни болници на територијата на Македонија.

Венко Филипче бил министер кога се изработувала техничката спецификација за модуларните болници. Градбата на модуларната болница била направена од панели рециклирани со пурпена, кои тогаш не чинеле повеќе од 5-6 евра. А оние подобрите и поквалитетните, како, на пример, панели со камена волна, кои не горат до 40 минути, чинеле 17-ина евра. Во превод, според Кадриу, овие модуларни болници чинеле приближно 300.000 евра сите, а за оваа намена биле обезбедени 30 милиони евра.

Во чиј џеб завршиле парите?

Дополнително, за објектот во Тетово не бил изработен соодветен елаборат за електрична енергија, што дополнително влијаело на безбедноста.

Зошто немало соодветен елаборат за електрична енергија?

Зошто не се користеле квалитетни материјали?

Зошто се искористени минимум од дозволените средства?

Филипче одбил алтернативни предлози за згрижување ковид-пациенти во рамките на постојните болнички капацитети.

Филипче ја одбил понудата на тогашниот медицински директор, кој понудил сместување ковид-пациенти на двата ката во тетовската болница, кои стоеле така празни. Филипче тоа го одбил поради тоа што овие модуларни болници морало да бидат изградени.

Вистинските виновници за модуларната болница во Тетово мора да одговараат пред законите.

Маркетинг
Ad 2
Ad 4