Connect with us

Регион

Нов смртен случај за осум дена по операција на крајници во Општата болница во Чачак

Маж на возраст од 38 години почина постоперативно по операција на крајници во Општата болница Чачак, соопшти денеска српското Министерство за здравство. Тоа се случува откако четиригодишно девојче на 4 февруари почина по иста операција во таа болница.

Пациентот, како што објави Министерството, самостојно побарал таква хируршка интервенција поради проблеми со дишењето со години, свесен за ризикот од самата интервенција поради други придружни болести од кои страдал.

Починал во ноќта помеѓу 11 и 12 февруари, соопшти српското Министерство за здравство.

Министерот за здравство Златибор Лончар издаде наредба за воведување привремени мерки во ОБ Чачак, што подразбира преземање на управувањето со таа здравствена установа во наредниот период.

Пред неколку дена, четиригодишно девојче почина по операција на крајник во таа болница. Вршителот на должноста директор на болницата каде што девојчето беше оперирано, поднесе оставка. Граѓаните организираа дводневни протести и бараат да се објави кој е одговорен за смртта на девојчето.

Министерството за здравство претходно објави дека во вторникот е испратена инспекција во ОБ Чачак за да се испитаат околностите што довеле до смртта на девојчето. Нареден е и надворешен стручен надзор, кој, како што беше наведено тогаш, го вршат еминентни доктори-професори од терцијарни здравствени установи од областа чија работа се проверува.

Маркетинг
Ad 1
Ad 2