Connect with us

Регион

Во Скадар средба на началниците на генералштабовите на армиите на Албанија и Хрватска и командантот на вооружените сили на Косово

Во северниот албански град Скадар денеска се одржува состанок на началниците на генералштабовите на вооружените сили на Албанија и Хрватска и командантот на Косовски безбедносни сили.

Началникот на Генералштабот на вооружените сили на Албанија, Арбен Кинѓи, во објава на „Фејсбук“ нагласи дека фокусот на состанокот е продлабочување на воената соработка преку конкретни планови.

„Целта на состанокот е зајакнување на воениот ангажман и на координацијата во согласност со договорот за сор

отка во областа на одбраната меѓу Албанија, Хрватска и Косово“, стои во објавата.

Состанокот на ниво на директори за одбранбена политика и вооружување на трите земји се одржа во Загреб на 30 јануари.

Албанија, Хрватска и Косово потпишаа меморандум за соработка во областа на одбраната и безбедноста на 18 март 2025 година во Тирана. 

Маркетинг
Ad 4
Ad 4