Connect with us

Скопје

Градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе 1 во завршна фаза на темелна реконструкција

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, и заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, денеска извршија увид во тековните градежни активности.

– Станува збор за темелна реконструкција со која значително се унапредуваат функционалноста, безбедноста и енергетската ефикасност на објектот. Проектот претставува капитална инвестиција на Владата, реализирана преку Министерството за социјална политика, демографија и млади, во соработка со Општина Карпош –  соопштија од локалната самоуправа.

Од Општина Карпош појаснуваат дека поради појава на дополнителни и непланирани градежни зафати, рокот за завршување бил продолжен од оправдани причини, при што Општината обезбедила и дополнителни средства за комплетирање на реконструкцијата.

– Во координација со Министерството е поднесена и апликација за набавка на потребна опрема, со цел градинката што поскоро да биде ставена во функција – информираат општинските власти.

Притоа, нагласуваат дека со завршувањето на работите, градинката „Мајски цвет“ ќе прерасне во модерен и енергетско-ефикасен објект за згрижување на најмладите жители на Општината.

Маркетинг
Ad 3
Ad 1