Connect with us

Вести

ДЗР: Потребен е надлежен орган да го следи известувањето за платено политичко рекламирање на порталите

Да се преиспитаат финансирањето на изборните кампањи со средства што се прибираат на редовна сметка на политичката партија и крајниот рок по кој не смее повеќе да има уплата на донации на една изборна сметка и да се уреди состојбата кога ќе има поддршка на определен независен кандидат за председател или за градоначалник од страна на веќе етаблирана политичка партија, се трите системски слабости на кои Државниот завод за ревизија (ДЗР) работи подолг период. Тоа го истакна на генералниот секретар на ДЗР, Александар Попоски, секретар на ДЗР, на денешниот настан „Зајакнување на парламентарниот надзор преку зголемена соработка меѓу Собранието и Државниот завод за ревизија“.

Во согласност со законодавството, забележа дека за платено политичко рекламирање се одвојуваа 90 отсто од средствата наменети за двете најголеми партии во власта и во опозицијата, а десет проценти ги искористуваат другите партии, по седум и по три отсто, кои се застапени и кои не се застапени во Собранието. 

– Очигледно, според наодите на Државниот завод за ревизија и системските препораки што ги даваме во текот на годините, истакнуваме дека, дефинитивно, имајќи ги предвид 90 проценти од зафатеноста на буџетот што на овој начин им се дава на клучните партии од позицијата и од опозицијата за ППР, со сета почит, сепак објективно доведува до ограничување на можностите од претставувањето на другите партии и независни кандидати во медиумите бидејќи на тој начин се зафаќа добар дел од медиумскиот простор – истакна Попоски.

Забележува дека платеното политичко рекламирање е сè позастапено на интернет-порталите и оти тие се предмет на определена регулација. 

– Мора да се воспостави надлежен орган да го следи нивното известување во делот на медиумското претставување на кандидатите бидејќи стануваат значителен политички инструмент за пренесување на пораките до граѓаните за време на изборна кампања. Да има јасни и прецизни критериуми за распределба на буџетските средства наменети за нивното платено политичко рекламирање, за да нè доведе во состојба, наместо да се користат средствата од страна на интернет-порталите да ја пренесат пораката на граѓаните, тие да бидат користени за некакви други интереси – рече Попоски. 

Државниот завод за ревизија, нагласи, за време на изборните кампањи и за време на ревизијата е секогаш отворен за комуникација не само со медиумите туку и со учесници во изборната кампања.

Маркетинг
Ad 4
Ad 3