Регион
Сведоштва по земјотресот во Призрен: Зградите се тресеа, рипавме од кревет за да избегаме…
„Рипнавме од кревет“, „се тресеше сè околу нас“, „мислев дека ѕидовите ќе пукнат“ – вака граѓаните од Косово го опишуваат силниот земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала, кој вечерва околу 22 часот го погоди регионот и предизвика страв и паника кај илјадници луѓе. Потресот беше почувствуван во Косово, Србија и Македонија, а епицентарот, според првичните податоци, се наоѓал на околу 19 километри источно од Призрен и 15 километри северозападно од Тетово.
Највознемирувачки сцени биле забележани во близина на епицентарот. Во селото Партеш, во општина Гњилане, мештаните раскажуваат дека земјата силно се тресела, а предметите во домовите се нишале и паѓале. Една жителка сведочи дека сè во куќата се тресело, цвеќето на прозорецот почнало силно да се ниша, по што саксија паднала на подот.
Целиот текст на Скопје1.мк
февруари 11, 2026

