Connect with us

Свет

Во Франција почна најголема воена вежба од завршувањето на Студената војна

Во Франција вчера почна тримесечна воена вежба. Вежбата „Орион 26“ ќе трае до 30 април, а симулира како една измислена држава се обидува да дестабилизира друга земја со цел да го попречи нејзиното членство во Европска Унија.

Во воената вежба учествуваат 12.500 војници, 25 воени бродови, меѓу кои и носачот на авиони „Шарл де Гол“, 140 авиони и хеликоптери, 1.200 дронови, како и вооружени сили од 24 земји, меѓу кои и Јапонија, Швајцарија, Мароко и САД.

Тоа е најголема воена вежба од завршувањето на Студената војна.

Француското Министерство за вооружени сили соопшти дека „Орион 26“ е „клучен настан во оперативната подготовка на Франција за сценарија со висок интензитет“, со цел обука на силите за дејствување во „сложени, разновидни и контроверзни средини“.

„Орион 26“ од април ќе се одвива под команда на НАТО со цел да се провери способноста на европските армии за заедничко дејствување. Во вежбата учествуваат три бригади, 2.150 тактички возила и 40 хеликоптери, како и можности за сајбер и вселенско војување. Планирани се и симулации на борбени операции на отворен терен, контранапади, како и преминување на природни пречки, вклучувајќи ги реките Сена и Об, со употреба на боева муниција.

Целта на вежбата е да се тестира способноста на Франција да предводи мултинационална коалиција, како и ефикасноста на комуникациските и логистичките синџири во услови на конфликт со висок интензитет.

Во рамките на „Орион 26“ се спроведува и обука на француски резервисти од сите родови на армијата, како и кибер вежби на виртуелни мрежи и во Вселената.

Маркетинг
Ad 3
Ad 4