Connect with us

Свет

НАТО следните денови ќе почне нова мисија на Арктикот

Западни медиуми повикувајќи се на неименувани извори објавија дека НАТО следните денови може да почне нова мисија Арктичка стража (Arctic Sentry), што би вклучувала воени вежби, зголемен надзор, дополнително присуство на бродови и авиони во регионот, вклучително и употреба на беспилотни летала.

Мисијата Арктичка стража може да биде објавена за време на средбата на министрите за одбрана на Алијансата во Брисел, закажана на 12 февруари.

Според неименуваните извори мисијата дека мисијата веројатно ќе биде насочена кон поефикасно користење и координација на постојните ресурси на НАТО на Арктикот, а не распоредување на нови сили.

Мисијата е дел од напорите на Алијансата за зајакнување на одвраќањето и одбраната во регионот, особено со оглед на воената активност на Русија и растечкиот интерес на Кина за Арктикот, изјави неименуван извор.

Врховниот командант на НАТО во Европа, генерал Алексис Гринкевич денеска изјави дека планирањето на Арктичка стража е во „завршна фаза“.

Портпаролот на Врховниот штаб на сојузничките сили во Европа (СХАПЕ), полковник Мартин Л. О’Донел на 3 февруари изјави дека НАТО почна да ја планира воената мисија Арктичка стража.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, по средба со американскиот претседател Доналд Трамп во Давос, изјави дека разговарале на кој начин сојузниците би можеле заеднички да работата на осигурување на безбедноста на Арктикот, каде седум земји-членки на Северноатлантската алијанса имаат територија.

Маркетинг
Ad 1
Ad 4