Скопје
Општина Бутел поставува заштитни столбови за безбедно движење на пешаци
Општина Бутел во соработка со Град Скопје и Секторот за внатрешни работи започна активности за поставување заштитни столбови на сообраќајницата кај кружниот тек во општината, соопштија попладнево од локалната самоуправа.
– Локалната самоуправа обезбедува безбедно движење на пешаците и го спречува непрописното паркирање на возилата. Општина Бутел ќе продолжи со активностите за поставување заштитни столбови на повеќе локации, за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот, пишува во соопштението.
февруари 9, 2026

