Скопје
Општина Аеродром: Менторски сесии за граѓански организации – ReLOaD3
Општина Аеродром денеска соопшти дека во наредниот период ќе бидат организирани четири групни менторски сесии наменети за сите заинтересирани граѓански организации во врска со објавениот Јавен повик за поднесување предлог-проекти во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 3 (ReLOaD3), финансирана од Европската Унија.
Целта на менторските сесии е преку консултативен процес да им се обезбеди поддршка на организациите што планираат да аплицираат на Јавниот повик.
Менторските сесии ќе се одржат во салата на Советот на Општина Аеродром со почеток во 10:00 часот, на следниве датуми:
11.02.2026 (среда) – Идеја, контекст и структура на проектот ( ЛОТ 1, 2 и 3)
17.02.2026 (вторник) – План на активности ( ЛОТ 1,2,3) и Логичка рамка ( ЛОТ 2,3)
20.02.2026 (петок) – Буџет и поврзаност со активностите ( ЛОТ 1,2,3)
25.02.2026 (среда) – Финализација и усогласување ( ЛОТ 1,2,3)
Tочното времетраење на секоја сесија ќе зависи од бројот на пријавени организации.
За повеќе детали заинтересираните можат да се информираат на линкот: http://aerodrom.gov.mk/vest/9555.
февруари 6, 2026

