Connect with us

Регион

Замрзнати сметките на претседателот на грчкиот Синдикат на вработените во приватниот сектор поради истрага за проневера

Грчката управа за спречување перење пари ги замрзнала банкарските сметки на претседателот на Синдикатот на вработените во приватниот сектор (ГСЕЕ), Јанис Панагопулос, и на уште шест лица и шест фирми поради наводна вмешаност во случај на проневера на средства од Грција и ЕУ наменети за образовни програми, во висина од 73 милиони евра, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчката новинска агенција АНА-МПА пишува дека шефот на Управата својот извештај со индиции за две кривични дела проневера и перење пари го доставил до јавен обвинител, а се однесува на средства од европски и национални фондови добиени во периодот 2020 – 2025 година и начинот на кој биле распределени.

Истрагата на Управата открила дека некои од компаниите, дури и не биле активни, им недостигале потребната логистика и персонал за спроведување на проектите, а дел од средствата бил земен директно во форма на готовина.

Дополнително, според АНА-МПА, пронајдени биле обемни трансфери на средства на индивидуални сметки, без да бидат законски оправдани.

„Катимерини“ пишува дека откога извештајот на Управата бил доставен до надлежниот обвинител, отворена е прелиминарна истрага и доколку заклучи дека прекршоците се основани, ќе следува кривично гонење, во спротивно случајот ќе биде затворен.

Маркетинг
Ad 2
Ad 3