Connect with us

Регион

Вучиќ: Додека јас сум претседател, Србија ќе биде на европскиот пат

Србија го диверзифицира снабдувањето со енергенси надвор од Русија и веќе е во преговори за купување природен гас преку заеднички механизам на Европската Унија, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.

Во интервју за Ројтерс што го пренесуваат српските медиуми, Вучиќ вели дека Србија веќе купува гас од Азербејџан, преку Бугарија, „а изградбата на гасоводот до Северна Македонија, што ќе започне оваа година, би ни овозможила да добиваме гас од Грција“.

Тој додава дека е посветен на идејата за членство на Србија во ЕУ.

„Нема сомнение, се додека сум претседател, Србија ќе биде на европскиот пат“.

Претседателот на Србија признава дека корупцијата е проблем во државата и дека самиот е незадоволен од напорите за нејзино искоренување.

„Станува збор за корупција во нашите државни институции, вклучително и кај политичарите“, додава тој.

Вториот и последен претседателски мандат на Вучиќ завршува во 2027 година, а тој наведува дека оваа година ќе се одржат вонредни избори но не е сигурен што ќе прави следно, и не ја исклучува можноста да се врати во партиската политика или на премиерската позиција.

„Би сакал да бидам помалку вклучен во политиката, или воопшто да не бидам, но имајќи го предвид моето искуство, мислам дека тоа ќе бара одредено вклучување. Ќе видиме“.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1