Connect with us

Вести

Средба Мицкоски – Сјаојан: Односите меѓу нашите две земји се темелат на заемна почит, разбирање и соработка

Премиерот Христијан Мицкоски денеска се сретна со кинеската амбасадорка Џијанг Сјаојан со која разменија мислења за продлабочувањето на пријателските односи меѓу Македонија и Народна Република Кина.

– Односите меѓу нашите две земји се темелат на заемна почит, разбирање и соработка, а во изминатите години тие бележат континуиран развој во разни области, вклучувајќи ги економијата, културата, образованието и инфраструктурата – напиша премиерот Мицкоски на својот фејсбук-профил.

Верува дека постои значителен потенцијал за натамошно унапредување на билатералната соработка, особено, како што вели, преку конкретни проекти и иницијативи од заеднички интерес, кои ќе придонесат за економски развој и подобрување на благосостојбата на граѓаните во двете земји.

Маркетинг
Ad 3
Ad 3