Политика
Манасиевски: ССМ работи по насока на СДС, Трендафилов да застане на страна на работникот, а не на страната на неговите наредбодавци
На ССМ и Трендафилов уште малку им фали за да се официјализираат како орган на партијата СДС, со оглед на начинот на којшто функционираат сега и во минатото.
Да ја потсетиме јавноста на едно неубаво време кога СДС насилно и спротивно на волјата на граѓаните го менуваше името на државата, поддршка за да излезат и да гласаат граѓаните даде токму ССМ.
Тие во видеото кое ќе го проследиме, велат дека тоа ќе донесе голем економски бенефит, нивната социјална положба ќе се подобри и ќе имаме поголема безбедност.
Да го проследиме видеото.
Почитувани граѓани,
Поврзаноста на ССМ и Трендафилов со СДС не е од денес, туку од поодамна. Впрочем СДС преку Јованка Тренчевска го постави Трендафилов за претседател на ССМ. ССМ и Трендафилов се уклучуваат како на утикач кога СДС е во опозиција, а се исклучуваат кога се на власт. Платите се големи и добри и убаво живеат граѓаните кога СДС на власт, кога имаме национални предавства, кога инфлацијата достигнуваше и до 20%, а зголемување на платите едвај околу 10%, кога јавниот долг се зголеми за 5 милијарди евра за само 7 години, кога полицајци се удираа самите од возила пајаци, кога државата беше на раб на банкрот за ССМ и Трендафилов во овој период убаво се живееше, ама денес со 3% инфлација, повисоки плати во секторите каде Владата е работодавач, со поголем дијалог и разбирање, не се живее убаво за Трендафилов и ССМ. Дволичноста и лицемерието на ССМ и Трендафилов е огромно. Наместо водење политика и работење во прилог на СДС, треба да почне да се работи во прилог на работниците.
февруари 4, 2026

