Регион
Фрлена бомба врз куќата на Здравко Чолиќ во Дедиње
Синоќа била фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ, а за среќа нема повредени, додека според медиумските извештаи, куќата претрпела голема штета.
Оштетувања се забележани на фасадата на куќата, оградата и автомобилот паркиран пред неа.
Дежурниот јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство во Белград излезе на местото на настанот, каде што работи со полицијата за да ги утврди сите околности на нападот.
Според првичните информации, во инцидентот нема повредени, а како што објави Телеграф, Здравко Чолиќ, неговата сопруга и помладата ќерка Лара биле во куќата за време на експлозијата.
Сомневањата се дека станува збор за рачна граната, а мотивот за нападот врз куќата на Здравко Чолиќ засега е непознат, објавија српските медиуми.
февруари 3, 2026

