Connect with us

Политика

ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата СДС, Левица и ССМ се потврди, без никаква анализа и аргументи носат предлог популистички мерки

Прес-конференцијата на Филипче е доказ за коалицијата меѓу СДС, Левица и ССМ. Дополнително, ниту има технички спремен Закон, ниту има предлог решение како би го спровел овој Закон, ниту пак знае колку финансии би биле потребни за овој Закон што го предлагаат.

Навистина е срамно, лицемерно и некоректно од Филипче и СДС, да излегуваат со популистичка мерка – 600 евра минимална плата, но на следното прашање – тој нема одговор.

Човекот кој има вила во Нерези, стан во Дубаи, Ауди на поклон од фирма која и доделил тендер, земјиште со фотоволтаици во Дојран, фирми на негово име и на членови на неговото семејство, кој не успеа да се справи со КОВИД кризата и енергетската криза, дели памет што требало да се направи за граѓаните.

Нејсе, граѓаните навремено ја прочитаа нечесната намера на Филипче и СДС, затоа и се партија со 130.000 гласови. Доброто за граѓаните е тоа што ВМРО-ДПМНЕ е на власт, се покачуваат платите и пензиите, се работи на инвестиции и подобар и поквалитетен живот за граѓаните.

Маркетинг
Ad 2
Ad 4