Connect with us

Регион

Од над 68.000 контроли за затајување данок во Грција, регистрирани прекршоци во 34,2 отсто од случаите

Независната управа за јавни приходи на Грција (ААДЕ) во 2025 година спровела 68.400 теренски контроли за даночно затајување во сите региони на земјата, при што била регистрирана стапка на прекршувања од 34,2 отсто и нето непријавена вредност од над 24,7 милиони евра, јави дописничката на МИА од Атина.

Од ААДЕ соопштија дека станува збор за најобемната и технолошки најнапредната програма на даночни контроли во последната деценија на целата територија на Грција.

Контролите биле спроведени со употреба на современи дигитални средства, како и преку обемни вкрстени проверки преку информациските систем што постојат, но и по пријави од граѓани.

Од обемната инспекција произлегле 19.473 деловни субјекти со утврдени прекршувања, со стапка на прекршувања од 34,2 отсто, вкупно 430.930 утврдени прекршоци и нето непријавена вредност од над 24,7 милиони евра.

Во случаите на сериозно или повторено непочитување на прописите, биле применети законски предвидените санкции, односно парична казна за 296 деловни субјекти, а 680 бизниси биле привремено затворени на два или повеќе дена.

Паралелно, посебен акцент при контролите бил ставен на усогласеноста со поврзувањето на ПОС-терминалите со фискалните каси, при што биле утврдени 584 прекршоци и изречени се казни во вкупен износ од 7.355.500 евра

– Со користење на напредни алатки за анализа на ризик и дигитален надзор, ААДЕ значително ја зајакна својата способност да открива непријавени или недоволно пријавени трансакции, особено во региони со зголемена туристичка и деловна активност, соопштија од Независната управа за јавни приходи на Грција. 

Маркетинг
Ad 4
Ad 2