Connect with us

Политика

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е против „Безбеден град“ и покрај бројките и јасните резултати, помалку жртви, помалку повредени, а повеќе безбедност

СДС и Филипче се против безбеден град, против заштита на безбедноста на граѓаните во сообраќајот, против намалувањето на повредени и човечки жртви во сообраќајот. СДС е против и покрај фактите и бројките за помалку жртви и помалку повредени, СДС е против сè што е добро ако не е од нив, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.

Додека СДС беа на власт 8 години, ништо не направи за да ја зголеми безбедноста во сообраќајот и да ги заштити граѓаните. Зошто СДС и Оливер Спасовски цели 8 години не усогласиле ништо поврзано со Законот за заштита на личните податоци.

За разлика од СДС, изминатите неколку недели Министерството за внатрешни работи усогласи речиси 11 акти со Агенцијата за заштита на личните податоци.


Целта на „Безбеден град“ е да ја зголеми безбедносната култура на граѓаните, целта на „Безбеден град“ не е да казнува, туку да спаси човечки живот. Да имаме колку што е можно помалку сообраќајни прекршоци, помалку повредени и колку што е можно помалку човечки жртви.


На почетокот безбеден град детектира над 100.000 прекршоци дневно, а сега имаме драстично помалку сообраќајни прекршоци дневно.

Со „Безбеден град“ се успеа бројот на починати, како последица на непочитување сообраќајни правила, на територијата на СВР Скопје да се намали од 11 во споредба со декември и јануари минатата година на 2 смртни случаја во декември 2025 и јануари 2026 година, заклучно со 20 јануари.

Бројот на повредени лица, како последица на непочитување сообраќајни правила, во споредба со овие 50-ина дена од крајот на 2025 и почетокот на 2026 година и крајот на 2024 и почетокот на 2025 година за истите месеци – декември и јануари, е намален за 35 отсто.

Имаме за 35 отсто помалку повредени лица на територијата на СВР Скопје во споредба со претходните два месеца.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се грижи за безбедноста на граѓаните.

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 3