Кошарка
Гилџеус-Александер постигна 40 поени 84% шут од поле против Бакс
Шеј Гилџеус-Александар постигна историски статистики против Милвоки Бакс. Тој на натпреварот одигран утринава на гостински терен ја предводеше Оклахома до победа од 122:102.
Бекот мечот го заврши со 40 поени, 7 скока и 11 асистенции со 16 од 19 шутеви од поле (84%), 2 од 2 за тројка и 6 од 7 од линијата за слободни фрлања.
Гилџус-Александар и Вилт Чемберлен остануваат единствените кошаркари со 40 поени, 10 асистенции и 5 скока со +80% шут од поле.
Резултати на другите натпревари во НБА-лигата играни ноќта среда кон четврток:
Шарлот – Кливленд 87:94
Бостон – Индијана 119:104
Њујорк – Бруклин 120:66
Мемфис – Атланта 122:124
Њу Орлеанс – Детроит 104:112
Сакраменто – Торонто 109:122.
Во западната конференција води Оклахома со 37-8 (победи-порази), на Исток прв е Детроит со 32-10.
јануари 22, 2026


