Кошарка
Дончиќ со трипл-дабл ги предводеше Лејкерс до триумф над Нагетс
Лука Дончиќ им помогна на Лос Анџелес лејкерс да го победат Денвер нагетс ноќеска на гостински терен со 115:107.
Словенецот натпреварот го заврши со 38 поени, 13 скока, 10 асистенции и две украдени топки. Ова беше петти трипл-дабл за Дончиќ во тековната сезона.
Воедно, тој го одигра својот седми натпревар оваа сезона со 35 поени, 10 асистенции и пет или повеќе скока, надминувајќи го Џери Вест (6).
Кошаркарот на гостите, Леброн Џејмс додаде 19 поени. За Денвер, плејмејкерот Џамал Мареј беше предводник со 28 поени и 11 асистенции.
На другите натпревари ноќеска во НБА лигата постигнати се следниве резултати:
Филаделфија – Феникс 110;:116
Чикаго – ЛА Клиперс 138:110
Хјустон – Сан Антонио 111:106
Јута – Минесота 127:122
Голден Стејт – Торонто 127:145
Сакраменто – Мајами 117:130.



