Општини
Зголемени бројки на заболени од грип во Прилеп, но состојбата не е алармантна
Сѐ уште не е достигнат „пикот“ на грипот во Прилеп иако бројките на регистрирани заболени од грип е зголемен, информираат од прилепскиот Центар за јавно здравје.
– Во Прилеп се регистрирани 127 заболени од грип. Бројката е трипати зголемена, но не е алармантна и нема фатални последици. Двајца се хоспитализирани на Инфективното одделение, а уште двајца пациенти на Детското одделение. Хоспитализираните се во добра состојба, не се на ресpипратор, само со температура и болки во телото, вели Марија Стевананџија Дамческа, епидемиолог во Центарот за јавно здравје во Прилеп.
Додека во Крушево се регистрирани само 15 заболени и нема зголемување, во Македонски брод, според бројот на жители, бројката е голема и се регистрирани 132-ца заболени од грип.
– Во наредниот период се очекуваат зголемени бројки на заболени од грип. Утре ќе започне и второто полугодие во училиштата и ние будно ќе ја следиме состојбата со отсуствата од наставата, појаснува епидемиологот Стевананџија Дамческа.
јануари 19, 2026


