Connect with us

Општини

Во Кочани ќе се гради дом за стари лица

Во Кочани  ќе се гради современ центар за социјална и здравствена заштита за граѓаните од повозрасните години, на локација во кругот на старата касарна, чии простории сега се користат од Територијалната противпожарна единица. Изградбата ќе чини 226 милиони денари, а во него ќе се сместат 141 лице. Домот за стари лица во Кочани ќе има регионален карактер. Во тек е избор на градежна фирма. 

-На 15 јануари ги отворивме понудите и имаме пет понуди. Во текот на наредната недела ќе се разгледува документацијата и ќе се воспостави негативна аукција, односно ќе се оди на намалување на цените за изведба на домот за стари лица во Кочани, информира денеска градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов, кој, почетокот на реализацијата на овој проект за оваа година, ја најави минатиот месец при отворањето на новиот објект од градинката „Павлина Вељанова“.

Парите за Домот за стари лица во Кочани, проект стар десетина години, ги обезбедува Владата преку повикот за искористување на средства од унгарскиот заем. 

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 4