Connect with us

Регион

Парламентот на РС ја прифати оставката на премиерот Миниќ

Народното собрание на Република Српска на денешната вонредна седница ја прифати оставката на премиерот Саво Миниќ, со што падна владата.

Миниќ изјави дека поднесе оставка „за да ги зајакне капацитетите на РС“, за која тврди дека е под постојани напади од Сараево и од меѓународната заедница.

Тој всушност поднесе оставка за да избегне Уставниот суд на Босна и Херцеговина неговото именување да го прогласи за неуставно, со што автоматски следи и смена на цела влада.

Уставниот суд на БиХ требаше следната недела да се изјасни дали именувањето на Миниќ е законско или не. Милорад Додик, во август минатата година го предложи Миниќ за премиер на РС, кога беше правосилно осуден на една година затвор и му беше одземен претседателскиот мандат.

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 5